Honor веднаш со нов смартфон по одвојувањето од Huawei

Објавено на 16.12.2020 во Новости



Honor веднаш со нов смартфон по одвојувањето од Huawei

Honor започна како суб-бренд на поевтини смартфони го рамките на семејството на Huawei за потоа полека да добие автономен статус, а сега и целосно да се одвои од матичната компанија по неодамнешната продажба.

Џорџ Жал, главниот директор на Honor истакна дека веднаш штом завршат и последните формалности во новата корпорациска сопственичка структура на Zhixin групацијата ќе се размислува за лансирање на нови модели.

Прво на распоредот најверојатно ќе биде новата серија Honor V40 која ќе биде составена од повеќе модели а може да ја очекуваме на почетокот на следната година.