Google има одлична вест за сите следни Android модели со Qualcomm процесори
Објавено на 20.12.2020 во Android
iPhone обично има по 5 и повеќе години софтверска поддршка, затоа што Apple го контролира и хардверот и софтверот на своите телефони. Затоа има поддршка за софтверот подолг период.
Google е свесен за тој проблем, затоа соработуваат со производителите на хардвер и мобилните компании за да се овозможи подолга поддршка за корисниците на Android. На огромно задоволство за сите купувачи на идните Android модели, Google објави дека сите смартфони со следните Qualcomm процесори ќе добиваат безбедносни надградби во текот на следните 4 години. Тоа значи дека кога ќе купите нов телефон на Android, го добивате Android 11 и плус ќе добиете надградба со Android 12, 13 и 14.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.