Французите дадоа зелено светло за создавање на бионички напредни војници

Објавено на 22.12.2020 во Новости



Французите дадоа зелено светло за создавање на бионички напредни војници

Етичкиот комитет на Француското министерство за одбрана даде зелено светло за развој на нова програма со напредни техники и истражувања кои ќе овозможат засилување на борбената спремност на француските војници. 

Во извештајот се разгледува можноста за примена на медицински третмани, протетика и импланти кои ги подобруваат „физичките, когнитивните, перцептивните и психолошките капацитети“ и може да овозможат следење на локацијата или поврзаност со системите за оружје и други војници.

Сепак, бионичките војници на Француската армија засега немаат дозвола за импланти кои ќе влијаат на нивната хуманост и можноста за носење одлуки базирани на морален суд, или биолошки промени кои ќе влијаат на реинтеграција на војниците потоа во цивилниот живот.

Според Флоренс Парли министерката за одбрана на Франција, овој потег се презема со цел да се држи чекорот со модерниот развој притоа базирајќи се на одлуки кои ќе го почитуваат меѓународното право и индивидуалните човекови права.