Huawei ќе вработи 300 луѓе во новата фабрика во Франција

Објавено на 24.12.2020 во Новости



Huawei ќе вработи 300 луѓе во новата фабрика во Франција

Huawei ќе гради фабрика во Франција за 5G опрема, со којашто ќе ја снабдува цела Европа. Кинескиот телекомуникациски гигант е првиот што прави фабрика од ваков тип надвор од Кина. 

Во Брумат ќе се вложат 200 милиони евра, а фабриката ќе биде со 5G опрема за европскиот пазар. „Со оваа фабрика на крстосницата во Европа, Huawei ќе го збогати своето присуство на континентот, каде што веќе има 23 центри за истражување и развој, повеќе од 100 партнерски универзитети, над 3.100 снабдувачи и успешен синџир за снабдување“, велат од Huawei.