Acer тивко го најавува Allegro со Windows Phone

Објавено на 28.10.2011 во Новости



Acer тивко го најавува Allegro со Windows Phone

 

Како по обичај, Acer не креваат многу галама за најновите производи, така и сега без многу бука го најавија најновиот смартфон наречен Allegro.
 
Овој смартфон е првиот телефон на компанијата кој доаѓа со оперативен систем  од Microsoft, односно се работи за Windows Phone 7.5.
 
За тој да работи одлично се грижат Qualcomm процесорот на 1GHz и RAM меморијата од 512MB, а внатрешната меморија изнесува 8GB. За сликата е тука 3,6 инчниот LCD екран со WVGA резолуција, а фотографиите до него доаѓаат од камерата од 5 мегапиксели која се наоѓа на задниот дел од телефонот. 
 
 
Од задната страна, под оклопот, ќе наидете и на батерија од 1300 mAh. Цел овој дизајн е сместен во тело со димензии од 116 x 59 x 13 мм и тежина од 126 грама.
 
Смартфонот во Европа ќе дојде на средина од ноември, а ќе има и избор во повеќе бои. Во случај да ве интересира, ќе чини 299 евра.