Путин им се закани на социјалните мрежи кои блокираат руски медиуми

Објавено на 30.12.2020 во Новости



Путин им се закани на социјалните мрежи кои блокираат руски медиуми

Рускиот претседател Владимир Путин застана зад новата регулатива со која ќе се овозможи преземање на акции против социјални мрежи како Facebook и Twitter кои вршат цензура како што сметаат руските власти.

Наведените социјални мрежи презедоа повеќе чекори за ограничување на пристапот до содржините на Russia Today и Sputinik за кои сметаат дека шират лажни вести и пропаганда во интерес на Кремљ.

Руските власти со новиот закон ќе може да ги блокираат Facebook, Twitter и останатите социјални мрежи доколку извршат цензура врз руските медиуми, како и да им изречат казни.