Кратките видеа на TikTok и Instagram директно на Google Search
Објавено на 31.12.2020 во Новости
Google ќе воведе нова функција на интернет пребарувачот Google Search преку која ќе може директно да гледате кратки видеа објавени пред се на мобилните платформи TikTok и Instagram.
Корисниците преку Google Search ќе добиваат резултати за кратките видеа кои ќе може да ги гледаат преку веб алатка наместо да ги отвораат мобилните апликации на TikTok, Instagram или други.
Засега новата опција за преглед на кратки видеа е во бета фаза на тестирање и е достапна за мал број на корисници на мобилната верзија на Google Search, но откако ќе стане официјална ќе биде достапна за сите корисници во 2021 година.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.