Samsung Galaxy S21 ќе се продава некаде без полнач во кутијата

Објавено на 31.12.2020 во Новости



Samsung Galaxy S21 ќе се продава некаде без полнач во кутијата

Samsung Mobile постои голема можност да ја промени истата политика на Apple и на одредени пазари да го продава најскапиот премиум смартфон Samsung Galaxy S21 без вклучен полнач во кутијата.

Оваа информација ја шири ликстерот Ishan Agarwal кој тврди дека еден од тие пазари ќе биде британскиот каде најверојатно Galaxy S21 ќе се продава без вклучен полнач од Samsung.

Логиката на Apple беше дека нивните корисници веќе имаат доволно полначи од претходните модели на iPhone и вака непотребно се создава електронски отпад. 

Samsung се потсмеваше со Apple за ваквиот потег, но сега дел од тие објави на социјалните мрежи побрза да ги избрише што значи дека сериозно размислува да ја промени истата политика.