Honor V40 ќе има рекордно брзо безжично полнење

Објавено на 05.01.2021 во Новости



Honor V40 ќе има рекордно брзо безжично полнење

Honor V40 по се изгледа дека ќе биде доста атрактивен смартфон во високата достапна класа со неколку адути, а меѓу нив ќе биде рекордното брзо безжично полнење на батеријата.

Според најновите информации Honor V40 ќе може да се поврзе со безжичен полнач со капацитет од 50W. Треба да се истакне дека многу скапи смартфони немаат повеќе од 24W капацитет за полнење и тоа преку кабел.

Инаку стандардниот полнач на Honor V40 преку USB type C конектор ќе обезбеди супер брзо полнење од 66W што исто така е импресивно.