WhatsApp руши рекорди за испратени пораки за Нова година

Објавено на 05.01.2021 во Новости



WhatsApp руши рекорди за испратени пораки за Нова година

Мобилната апликација WhatsApp која е во сопственост на Facebook го сруши сопствениот рекорд за испратени пораки и воспоставени повици на прославата на Новата година и има раст од речиси 50% во споредба со ланското одбележување на најлудата ноќ.

Биле испратени 1,4 милијарди пораки за еститки за новата година вклучувајќи ги и аудио и видео повиците преку апликацијата на WhatsApp која се повеќе се користи за "кежуал" комуникација и не е стриктно за бизнис контакти.

Огромниот раст според компанијата се должи и на тоа што годинава сите прослави за одбележување на почетокот на 2021 беа ограничени поради заштита од корона вирусот, па повеќето си честитаат виртуелно.

Автор: Aleksandar Stankov