Hyundai имаат предлог за партнерство во развојот на Apple Car

Објавено на 09.01.2021 во Новости



Hyundai имаат предлог за партнерство во развојот на Apple Car

Се повеќе гласини има за електричниот автомобил на Apple. Претставник од Hyundai потврдил за CNBC дека Apple моментално преговара со различни глобални автомобилски компании, вклучувајќи го и Hyundai.

Hyundai во моментов уште ги разгледува предложените услови од екипата на Apple. Предлогот на Тим Кук за соработка со јужнокорејската компанија го вклучува и производството на електрични возила и развој на батерии. Гласините и потврдата од Hyundai за соработка со Apple, ја катапултирала цената на акциите, за кои е забележан највисок дневен раст во последните две децении.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: