Кога Samsung Galaxy S21 ќе пристигне во Европа?

Објавено на 10.01.2021 во Новости



Кога Samsung Galaxy S21 ќе пристигне во Европа?

Samsung Mobile на 14 јануари ќе ја одржи големата промоција на новите премиум смартфони од серијата Samsung Galaxy S21, а потоа две недели ќе трае период на преднарачки.

Затоа според последните информации првите модели на Samsung Galaxy S21 во Европа ќе бидат достапни од 29 јануари.

Сите кои ќе извршат онлајн нарачка или резервација ќе добијат и гратис Samsung Galaxy Buds слушалки кои во зависност од моделот имаат вредност од 150 до 250 евра, како и други изненадувања.