Baidu и Geely основаат компанија за да и конкурираат на Teslа

Објавено на 12.01.2021 во Новости



Baidu и Geely основаат компанија за да и конкурираат на Teslа

Големи планови за пазарот на електрични возила има Baidu. Кинеската компанија е најпозната по интернет прелистувачот, која подоцна стана позната како „кинескиот Google“. Заедно со Geely ќе основаат нова компанија за производство на електрични автомобили.

Geely е познат по преземањето на Volvo во Европа, тој ќе биде задолжен за дизајнот и производството на автомобили, додека Baidu ќе биде задолжен за смарт технологијата и софтверот. Инаку, Baidu веќе со години развива сопствен софтвер за автономно возење и неодамна ја претстави својата флота на „роботакси“ возила.