Tesla треба да повлече рекордни 150 илјади возила поради откриена грешка во системот

Објавено на 14.01.2021 во Новости



Tesla треба да повлече рекордни 150 илјади возила поради откриена грешка во системот

Од Tesla е побарано да повлече 158 илјади електрични возила откако Националната агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата открила грешка во системот на екраните на допир за контролната табла.

Станува збор за Tesla Model S и Tesla Model X произведени од 2012 до 2016, односно од 2016 до 2018 година за "терените". Според наодите доколку прекине со работа меморискиот чип, екранот на допир повеќе нема да биде функционален.

Тоа ќе предизвика проблеми за возачите без приказ на камерите од задниот дел на возилото, како и проблеми со светлата, сензорите, индикаторите и итн. Овој проблем веќе се јавил кај 12 илјади возила и Tesla се обиделе да го решат преку софтверска надградба но, без поголем успех.

Tesla нема обврска веднаш да ги повлече проблематичните возила и ќе има рок да даде образложение, во спротивно ќе биде свикано јавно сослушување. 

 Ова ќе биде голем проблем за компанијата која лани за цела година испорача 500 илјади електрични возила и кога бележи рекорден раст на акциите.

Автор: Aleksandar Stankov