Кристин Лагард: Мора да се регулира биткоинот за да се спречи перењето на пари
Објавено на 15.01.2021 во Новости
Кристин Лагард, Претседателката на Европската централна банка, повикува за глобално да се регулира трговијата со биткоини. Таа става посебен акцент на тоа што дигиталната валута во одредени случаи се користи за криминални активности за перење пари.
Многу е важно да се затворат сите дупки во регулативата, вели Лагард. Биткоинот веќе купуваат и обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Има и луѓе што позајмуваат пари за да вложат во криптовалути. „Биткоинот е високо шпекулативно средство, што се користи за некои чудни деловни активности и за некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, вели Лагард.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.