Израелски иноватори направија батерии за е-возила кои се полнат за само 5 минути

Објавено на 20.01.2021 во Новости



Израелски иноватори направија батерии за е-возила кои се полнат за само 5 минути

Израелскиот стартап StoreDot претстави возбудлива нова технологија која овозможува батериите за електричните автомобили да се полнат за само 5 минути, со што значително ќе се олесни планирањето на патувањата.

Главниот напредок на StoreDot е што графитот го заменува со металоидни наночестички кои се поевтини за производство и покажуваат поефикасни перформанси при полнењето на батеријата. Засега тестовите се прават во лабораторијата на StoreDot, а прототипот го произведува кинеската компанија EVE Energy, со амбиција наскоро да се најдат и во комерцијална употреба.

„Ова претставува важна пресвртница, премин од лабораториска иновација во комерцијално остварлив производ кој може да премине за масовно производство. Ова го отвора патот за лансирање на нашата втора генерација, на прототип анода со силициум во батеријата за електрични возила подоцна оваа година “, рече др. Дорон Мајерсдорф, извршен директор на StoreDot.