Tesla ќе вработи човек за да ги следи пораките и критиките на Маск на Twitter

Објавено на 21.01.2021 во Новости



Tesla ќе вработи човек за да ги следи пораките и критиките на Маск на Twitter

Twitter е веројатно најважниот начин на комуникација на Илон Маск, каде што често објавува новитети и комуницира со бројни фанови и критичари на Tesla и SpaceX. Понекогаш го тролаат, а понекогаш поставуваат прашања за иднината на компанијата и производите.

Tesla минатата година го распушти одделот за односи со јавноста, а сега распиша нов оглас за работа, во кој се бара уште еден специјалист за поддршка. И покрај тоа што Маск е прилично активен на Twitter, бројот на пораки што ги добива ви коишто е означен, и на кои се критикува, фали или некој што има прашање за него, навистина е огромен.