Револуционерна батерија произведена во Кина за електричните автомобили

Објавено на 21.01.2021 во Новости



Револуционерна батерија произведена во Кина за електричните автомобили

Израелската компанија StoreDot развила нова литиумско-јонска батерија за електромобили, која би можела да направи пресврт во нивното користење. Таа батерија може целосно да се наполни за само пет минути.

Иако батеријата е развиена во Израел, за нејзино производство се задолжени Кинези од компанијата Eve Energy. Досега се произведени само 1000 парчиња и ќе се користат за потребите на презентацијата на потенцијалните инвеститори, што сакаат да влезат на пазарот на електрични автомобили, меѓу кои се наоѓаат British Petroleum, Daimler, Samsung Ventures и TDK.