Кинезите работат на вакцина за „вечна младост“

Објавено на 22.01.2021 во Новости



Кинезите работат на вакцина за „вечна младост“

Група на кинески научници работат на вакцина која треба да го третира генот за стареење на клетките и да успорат тој процес кај луѓето преку иновативна генетска технологија. 

Засега експериментите се вршат на глувчиња, но научниците велат дека целта им е еден ден да стигнат до фаза во која ќе може безбедно да тестираат т.н. вакцина за „вечна младост“ како во научно-фантастичните филмови која треба значително да го продолжи животниот век во староста.

И покрај фактот дека група на гени поврзани со стареењето досега им се познати на научниците, идентитетот и улогата на дополнителни гени вклучени во регулирањето на стареењето кај луѓето сè уште не се целосно објаснети.