Италија го блокираше TikTok поради причина смрт на мало девојче

Објавено на 23.01.2021 во Новости



Италија го блокираше TikTok поради причина смрт на мало девојче

Мало девојче Антонела учествувало во предизвик за задржување на здивот, кое имало само 10 години. Италијанското обвинителство започнало истрага против TikTok, кој бил мотив за самоубиството на истото девојче. TikTok мора најдоцна до 15 февруари да го блокира секој корисник со непроверена возраст.

Девојчето од Палермо сакало да учествува во TikTok предизвикот „Blackout Challenge“, со што треба да направите рекорд во најдолго прекинување на дишењето. Девојчето пред 2 дена се затворило во бањата за да се снима со телефонот, додека се давела со ременот од бањарката. Сестра и ја нашла веќе во бессознание и било доцна за лекарите да ја спасат. Констатирана била мозочна смрт, соопштиле од болницата „Ди Кристина“.

„Наш апсолутен приоритет е безбедноста на TikTok-заедницата“, соопштиле од TikTok, кинеската видео-платформа, кои велат дека се подготвени да соработуваат со властите за истрагата околу смртта на Антонела.

Ги замолуваме сите родители да разговараат со децата околу овие несреќни случаи, со цел да се создаде отворен однос помеѓу децата и нивните старатели и во иднина да не се случат вакви несакани настани.