Microsoft Edge со новата надградба ве известува кога имате пробиена лозинка

Објавено на 23.01.2021 во Новости



Microsoft Edge со новата надградба ве известува кога имате пробиена лозинка

Microsoft после Chrome и Firefox понуди исто така опција за да ве извести кога имате компромитирана лозинка со помош на таканаречената „хомоморфна енкрипција“, преку Edge Password Monitor. 

Со тоа енкриптираните податоци нема потреба да се дешифрираат, за да препознае доколку имате компромитирана лозинка, без ниту Microsoft да ви ги чита и меморира вашите лозинки на проверка. Microsoft Edge ова го има со најновата надградба за својот веб-прелистувач. Новата опција ви овозможува повисоко ниво на безбедност.