Xiaomi со највисок глобален раст во продажбата на смартфони

Објавено на 29.01.2021 во Новости



Xiaomi со највисок глобален раст во продажбата на смартфони

Аналитичките компании IDC, Canalys и Counterpoint, го истражувале глобалниот пазар на смартфони во последното тримесечје од 2020 година. Xiaomi е на трето место во светот, со највисок годишен раст од првите топ 5 компании.

Xiaomi реализирал 43,3 милиони испораки што е еднакво на 11,2% учество на пазарот, со раст од 32% и 25,8% во споредба со истиот период лани. Xiaomi има 31% раст на испораките на смартфони во светот на годишно ниво.

Автор: Aleksandar Stankov