SpaceX купи нафтени платформи за да ги пренамени за база за лансирање ракети

Објавено на 30.01.2021 во Новости



SpaceX купи нафтени платформи за да ги пренамени за база за лансирање ракети

SpaceX е првата приватна компанија што лансираше ракети и ги приземјуваше безбедно без да експлодираат. Денес Илон Маск веќе почна да купува бази за да може да лансира ракети од повеќе места.

Големата визија на сопственикот на SpaceX е да го популаризира патувњето на Марс преку ракети и капсули. И не само тоа, Starlink мисијата е за лансирање сателити за глобален интернет, ќе се превезува товар, ќе се изработува инфраструктура, и друго. Купувањето на нафтени платформи за големите цели на Маск е дефинитивно голем чекор за човештвото, што може засекогаш да го промени нашиот начин на живеење.