Кипар се приклучи на 5G ерата

Објавено на 03.02.2021 во Новости



Кипар се приклучи на 5G ерата

Мобилните мрежи од петтата генерација пристигнаа во Кипар, откако телекомуникациски органи во земјата објавија дека нивната 5G мрежа, која опфаќа 70 проценти од населението, е поставена и функционира.

Преку социјалните медиуми, Cyta објави „почеток на нова ера во еволуцијата на комуникациите во земјата“.

Новата мрежа на Cytamobile-Vodafone обезбедува брзина до 1Gbps со зголемена истовремена конекција на илјадници уреди.
Презентирајќи ја мрежата, Главниот Извршен директор на Cyta, Андреас Неоклеус го нарече развојот „скок во револуционерна иднина“. 

„Ова ќе ги отклучи неограничените можности што ги нуди новата мрежа, отворајќи го патот за иновативни технолошки апликации кои ги менуваат податоците во клучните сектори на економијата, како што се транспортот, здравството, земјоделството, животната средина и образованието“, рече тој.

Неоклеус рече дека 5G мрежата на Cytamobile-Vodafone има покриеност на населението од 70 проценти и се очекува да достигне 98% во првата година од работењето.

Сите претплатници на Cytamobile-Vodafone ќе имаат пристап до 5G без дополнителни трошоци, под услов да поседуваат 5G уред сертификуван од Cyta и доколку има 5G покриеност.

Коментирајќи во однос на CyBC TV, Министерот за иновации Кирјакос Кокинос изјави: „5G мрежата поставува основа за надградба на нашите животи, развој на бизнисите, напредок на економијата и трансформација на Кипар во дигитално општество со еднакви можности за сите“.

Тој тврди дека воведувањето на големите брзини ќе го промени животот на револуционерен начин, поттикнувајќи го напредокот во науката, медицината и паметните градови.

„Кипарската економија ќе има корист не само од отворањето на можностите, туку и од падот на цената на интернет конекциите и создавањето на два милиони нови работни места во ЕУ за научниците кои работат на нови апликации“, рече Кокинос.
Тој посочи дека секој што има паметен телефон со 4G конекција ќе може да го искористи за пристап до 5G мрежите, кога провајдерите ќе ја лансираат својата мрежа.

Кокинос истакна дека државата ќе придонесе со 35 милиони евра за 5G мрежна инфраструктура, за да стигне до руралните области кои не се остварливи за приватниот сектор.
Ќе бидат достапни повеќе оператори

Кипар би требало да добие уште три 5G мрежи, што ќе бидат воведени во следните месеци, бидејќи четири лиценци за фреквенција им беа издадени на операторите Primetel, Epic и Cablenet.

Мрежата од 5-та генерација на Cyta ќе ја користи технолошката опрема на Huawei Technologies и шведски Ericsson.
Исполнувањето на оваа цел ќе им помогне на Европејците и деловните субјекти да ги искористат сите придобивки од дигитализацијата, подобрувањето на ЕУ конкурентноста на глобалниот пазар, забрзувањето на дигиталната трансформација и промовирањето на зелениот раст.

Според „Gigabit Society“, сите европски домаќинства треба да имаат пристап до брзини до 100 Mbps до 2025 година со можност за надградба на мрежите, за да се достигнат многу поголеми брзини.

Повеќе информации за 5G и неговите карактеристики, сертификуваните уреди и надградениот софтвер на Cytamobile-Vodafone може да се пронајдат на www.cyta.com.cy.
Многу поединци се противат на воведувањето на 5G, напаѓајќи ги телекомуникациските објекти, во однос на потенцијалните здравствени ризици од спектарот на фреквенции.
На Кипар беа запалени антени и телефонски јарболи, додека беа организирани неколку демонстрации против 5G поради здравствените стравови, кои исто така го поврзуваат воведувањето на 5G мрежи со Ковид-19 заговорите.
Насилните демонстрации во октомври минатата година во Лимасол против рестрикциите на коронавирусот, корупцијата и ширењето на 5G мрежата резултираа со четворица повредени полицајци и еден пожарникар.

Советот на Ормидија заедницата во септември го прогласи селото за 5G слободна зона - практично обидувајќи се да ја забрани технологијата во својата област.

Автор: Aleksandar Stankov