Претставен Samsung Galaxy M12 со џиновска батерија

Објавено на 05.02.2021 во Новости



Претставен Samsung Galaxy M12 со џиновска батерија

Samsung Mobile го претстави новиот модел Samsung Galaxy M12 како еден од подобрите во средната класа со џиновска батерија со капацитет од 6000 mAh со брзо полнење од 15W преку USB-C кабел.

Новиот Samsung Galaxy M12 исто така располага со 6,5 инчен PLS LCD дисплеј со 720p+ резолуција, осум-јадрен Exynos процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија за основниот модел, има слот за microSD мемориска картичка, како и 3.5mm влез за аудио и слушалки.

Samsung Galaxy M12 е опремен со четири сензори на главната камера на задната страна 48 мегапикселен примарен сензор, два сензори со 2 мегапиксели и ултра широк сензор со 5 мегапиксели, додека пак селфи камерата има 8 мегапиксели.