Skype за мобилни уреди доби повеќе новитети

Објавено на 05.02.2021 во Новости



Skype за мобилни уреди доби повеќе новитети

Skype лансираше нова верзија за Android и iOs во која се вклучени цел репертоар на новитети за двете мобилни платформи кои ќе ви бидат од голема корист.

Skype за Android сега нуди можност за замаглување на позадината додека воспоставувате видео повик, па така ако не сакате да се гледа просторијата во која се наоѓате од може да ја замаглите.

Корисниците на iOs добиваат поддршка за промена на Dark Mode за Skype како и повеќе подобрувања на перформансите при споделување на содржини и реакции на пораки или разговори.