Нов заеднички модел на часовник од Porsche и Tag Heuer

Објавено на 08.02.2021 во Новости



Нов заеднички модел на часовник од Porsche и Tag Heuer

Кога Porsche и Tag Heuer ќе произведат заеднички часовник, тогаш мора да е нешто многу добро. Секогаш има простор за иновации во било која гранка, дури и во областа на часовниците. 

Потписот на Porsche може да се види на рабовите со црвена, црна и сива боја. Tag Heuer потписот се препознава во дизајнот што потсетува на поранешните модели на часовници, кој има транспарентна кристална позадина, додека осцилирачката маса е редизајнирана во симболот на препознатливиот волан на Porsche.

Caliber Heuer 02 со импресивната 80-часовна резерва на енергија има кожен ремен и чини 5.550 евра, додека верзијата со метален ремен цената изнесува 5.700 евра.