Итно одобрен лек против COVID-19 во САД од Eli Lilly & Co.
Објавено на 10.02.2021 во Новости
Американската компанија Eli Lilly & Co. креирала ефикасен лек против COVID-19, кого Американската агенција за храна и лекови (ФДА) итно го одобрила. Лекот се базирал на комбинација од антитела, официјално соопштиле службените лица.
Со лекот од Eli Lilly & Co., за 70% се намалува ризикот од потешки форми на заболувања и смртни последици кај пациентите, соопштува Ројтерс. За време на тестирањето од 29 дена е утврдено дека поединечната инфузија со антителата бамланивамб и етесевинаб, значително се намалила хоспитализацијата и смртта со COVID-19. Eli Lilly & Co. изјавија дека „примената на овој препарат е дозволена за лекување умерени и средно тешки симтоми, за пациенти од 12 годишна возраст и нагоре, кои имаат ризик или се веќе во болница“.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.