Xiaomi Redmi Note 10 официјално пристигнува во март

Објавено на 10.02.2021 во Новости



Xiaomi Redmi Note 10 официјално пристигнува во март

Xiaomi потврди дека во текот на март официјално ќе биде претставен новиот смартфон Xiaomi Redmi Note 10 кој може да биде еден од поинтересните модели во високата достапна класа.

Xiaomi Redmi Note 10 најверојатно ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 750G процесор што значи дека ќе има поддршка за 5G мобилна технологија, потоа 108 мегапикселна главна камера како и батерија со капацитет од 4500 mAh.