Зошто на гејмерите им е важен црниот PlayStation 5?

Објавено на 12.02.2021 во Новости



Зошто на гејмерите им е важен црниот PlayStation 5?

Sony ќе лансира црна верзија на новата конзола за видео игри PlayStation 5 која за почеток ќе се продава во многу ограничени количини, а ќе биде достапна во текот на пролетта.

PlayStation 5 Black ќе биде достапен во 304 примероци што го асоцира датумот на лансирање на PlayStation 2. Самиот дизајн е ретро и потсетува на старата конзола која беше омилена на гејмерите со продадени рекордни 115 милиони примероци.

Зад дизајнот на PlayStation 5 Black стои дизајнерското студио SUP3R5 со вклучена нова верзија на DualSense контролерот исто така во целосна црна варијанта.