Asus ROG Phone 5 доаѓа со преден OLED дисплеј и со заден дисплеј во боја

Објавено на 12.02.2021 во Новости



Asus ROG Phone 5 доаѓа со преден OLED дисплеј и со заден дисплеј во боја

Asus ROG Phone серијата е една од најпопуларна гејминг серија на смартфони. Asus оди на следно ниво со претстојниот модел Asus ROG Phone 5, кој се очекува да се продава за 1000 долари. Се очекува да пристигне во првата половина на 2021 година, во март или април.

Од задната страна сега нема да го има логото на ROG, туку ќе има дисплеј. Целосните спецификации може да ги погледнете одоздола:

    6.6-инчен OLED 144 Hz дисплеј, резолуција од 2340 x 1080 пиксели
    Qualcomm Snapdragon 888 процесор
    8GB или 12GB RAM меморија
    Заден дисплеј во боја
    2 air triggers
    Дуал стерео звучници
    128GB меморија
    6,000mAh батерија со 65W брзо полнење
    USB Type-C за полнење и страничен влез за гејминг приклучок
    Нема џек за слушалки или SD слот
    Android 11
    64MP главна камера со 8K за видео
    13MP ултра-широк сензор
    5MP макро камера
    24MP селфи камера