MasterCard најави прифаќање на криптовалутите

Објавено на 13.02.2021 во Новости



MasterCard најави прифаќање на криптовалутите

MasterCard најави интеграција на криптовалутата во својата мрежа. Тие веќе нудат картички за криптовалути, кои се резултат на партнерство со продавачите што ги претвараат криптовалутите во традиционални валути, по што се извршува трансакцијата.

Што и да мислите за криптовалутите, останува фактот дека дигиталниот имот станува се поважен дел од платежниот свет, истакнува шефот на MasterCard производите, Рај Дамодаран.

„MasterCard не е овде да ви препорача да почнете да користите криптовалути. Ние сме овде да им овозможиме на корисниците, трговците и компаниите да го преместат својот дигитален имот, традиционалниот или крипто имотот, како сакате вие“, додава Дамодаран.