Facebook ќе лансира смарт часовник со здравствени функции
Објавено на 14.02.2021 во Новости
Facebook планира да се замеша во категоријата на преносни уреди и најрано во 2023 година ќе го лансира својот прв модерен смарт часовник кој фокусот ќе го има на фитнес и здравствени функции.
Facebook Watch ќе работи со Android оперативен систем од отворената платформа, а за понатаму можно е Facebook да развие и сопствен оперативен систем наменет за преносни уреди.
Главните функции ќе се фокусираат на следење на виталните знаци на корисникот како и фитнес услуги. Уредот ќе биде интегриран со сите сервиси на Facebook како што се Messenger, Instagram и WhatsApp.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.