Откриено е кога пристигнува Redmi Note 10

Објавено на 16.02.2021 во Новости



Откриено е кога пристигнува Redmi Note 10

Redmi го потврди 4 март како официјален датум кога ќе се одржи промоцијата на новиот квалитетен смартфон во високата класа Redmi Note 10 со компетитивна цена и одлични перформанси.

Според најавите се очекува  Redmi Note 10 да работи со осум-јадрен Snapdragon 750G процесор што значи дека ќе има поддршка за 5G мобилна конекција.

Исто така Redmi Note 10 ќе понуди и атрактивна главна камера на задната страна со примарен сензор од 108 мегапиксели.