Се повеќе гласини има за овогодинешните модели на iPhone 13

Објавено на 17.02.2021 во Новости



Се повеќе гласини има за овогодинешните модели на iPhone 13

Иако претставувањето на iPhone 12 доцнеше во споредба со претходната година, како и секоја претходна пред iPhone 11, побарувачката за Apple смартфоните никогаш не била поголема досега. Јасно е дека Тим Кук и екипата немаат премногу време за уживање во добрите резултати, при што во брзиот свет во којшто живееме секогаш треба да се оди напред, оти конкуренцијата е секогаш закана.

Веќе се спрема нешто во кујната на Apple, четири нови модели на iPhone 13 треба да бидат претставени во септември. Што да очекуваме од iPhone 13 и 13 Pro? Always-on DISPLAY ќе биде една од опциите за постојан приказ на часовникот и батеријата, како и известувања за апликациите. Apple веќе ја претстави оваа опција кај последните модели на часовници, но сега ја очекуваме и на смартфоните.

Екранот би требало да добие 120Hz освежување, но само кај моделите iPhone 13 Pro и Pro Max. Се очекува побрз процесор и подобра графика, подобрена ултраширока камера и подобра камера за астрофотографија. iPhone 13 би требало да донесе поцврсти магнети за MagSafe, преку кои ќе може да се поврзувате полесно и Touch ID, сензорот за отклучување под екранот на телефонот, што веќе ја има кај Android.





Прочитајте повеќе: