Гејтс: Социјалните мрежи да му дозволат повторно пристап на Трамп
Објавено на 19.02.2021 во Новости
Милијардерот Бил Гејтс и основач на Microsoft смета дека социјалните мрежи треба повторно да му дозволат пристап на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Според Гејтс доколку Трамп објавува непроверени информации или има лажни тврдења кои може да имаат штетни последици истите треба да бидат соодветно означени.
Според него тврдењата дека изборите биле украдени без докази се штетни за американската демократија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.