YouTube апликацијата веќе има 4K HDR видеа на Android

Објавено на 22.02.2021 во Новости



YouTube апликацијата веќе има 4K HDR видеа на Android

YouTube воведува се повеќе алатки. Ако имате 4K резолуција на вашиот смартфон, ќе може да гледате YouTube видеа во највисоката резолуција, но само ако вашата интернет конекција го дозволува тоа.

Почнувајќи оваа недела, YouTube додаде опција за 4K резолуција на Android уреди, дури и да немате поддршка за таква резолуција. Ако вашиот смартфон има Full HD или HD резолуција на дисплејот, теоретски би можеле да гледате 4K видеа на YouTube. YouTube апликацијата сега може да емитува 4K HDR видеа на Android уреди, но тоа не значи дека ќе гледате во 4K, туку резолуцијата автоматски се намалува колку што е максималниот капацитет на вашиот Android уред.