Над 50% од 5G мрежата ја поседува Huawei - Вкупниот број на 5G се 200 милиони нови корисници

Објавено на 23.02.2021 во Новости



Над 50% од 5G мрежата ја поседува Huawei - Вкупниот број на 5G се 200 милиони нови корисници

5G мрежата забрзано се развива, која веќе брои 800.000 5G локации и 200 милиони нови корисници. 5G искуството е за 10 пати подобро во споредба со претходната 4G генерација.

Huawei има 300 нови мрежи во над 170 земји во светот, и 22 милиони нови корисници на својата мрежа, тврди Ријан Динг, извршен директор и претседател на групацијата Carrier. 

5G веќе станува дел од производствените процеси во индустриите, додека 5G апликациите се присутни во над 20 индустрии: производство, здравство, образование и логистика. Веќе над 140 комерцијални 5G мрежи се распоредени во 59 земји, а повеќе од 50% се изведени од Huawei.

Автор: Aleksandar Stankov