Австралија го промени спорниот закон, Facebook повторно дозволи медиумиска содржина

Објавено на 23.02.2021 во Новости



Австралија го промени спорниот закон, Facebook повторно дозволи медиумиска содржина

Facebook потврди дека ќе ги врати австралиските медиумски страници откако Канбера понуди измени во предложениот закон, осмислен со цел технолошките гиганти да се присилат да ја плаќаат медиумската содржина што се прикажува на нивните платформи, соопшти австралискиот министер.

Австралија ќе понуди четири амандмана, кои вклучуваат измена на задолжителене арбитражен механизам, кој ќе се користи кога технолошките гиганти не можат да постигнат договор со медиумските куќи за прашањето за поштено плаќање за прикажување на медиумските содржини. Амандманите вклучуваат двомесечен период на медијација пред да се вклучи посредник што го избрала владата, давајќи време на обем до страните да дојдат до приватен договор.