Samsung Health во цел капацитет само на Android 8 и понови верзии

Објавено на 24.02.2021 во Новости



Samsung Health во цел капацитет само на Android 8 и понови верзии

Samsung Mobile го достигна максимумот за софтверска поддршка на Samsung Health апликацијата. Односно повеќе од пет години обезбедува апдејти кај сите Galaxy смартфони.

Samsung сега им пренесе на корисниците кои имаат оперативен систем постар од околу 5 години или постара верзија од Android 7.0 Nougat дека повеќе нема да стигнува кај нив поддршка за новите верзии на оперативниот систем како и за новите верзии на самата апликација.

Затоа корисниците ако ги сакаат новитетите на Samsung Health ќе треба да направат апдејт на нивниот оперативен систем доколку е тоа возможно или пак да земат понов модел на Samsung Galaxy.