Grand Theft Auto ќе биде забранета оти тинејџерите ја имитираат играта

Објавено на 24.02.2021 во Новости



Grand Theft Auto ќе биде забранета оти тинејџерите ја имитираат играта

Децата премногу навлегуваат во игрите и понекогаш не можат да разликуваат во која реалност живеат, со оглед на тоа што предолго време посветуваат на виртуелниот живот, т.е. на игрит. Според Harvard Health Publishing, видео игрите со насилнички содржини влијаат врз начинот на кој младите луѓе размислуваат, а дури 97% од младите сакаат да играат токму такви игри.

Законодавците во Чикаго забележале зголемен број на крадење автомобили и мотори, истото што се случува на Grand Theft Auto. Имено, жителите на Чикаго се почесто се на мета на тинејџерите што дотрчуваат до нивното возило, ги извлекуваат надвор од автомобилот и им го преземаат возилото.