До кога треба да се носат маски?

Објавено на 01.03.2021 во Новости



До кога треба да се носат маски?

Ќе го вратиме ли стариот живот назад или ќе мора уште некое време да носиме маски и да држиме дистанца со масовното вакцинирање? Се уште не се знае и се зависи како ќе се одвива ситуацијата со коронавирусот. 

Дури и кога ќе се вакцинирате ќе мора да се држите до епидемиолошките мерки и да носите маска. САД соопшти дека до мај или јуни ќе се вакцинираат сите приоритетни групи, а до јули трена да има доволно дози за да се вакцинираат 300 милиони луѓе. Македонија се уште нема став кога ќе почне и кога би се завршило вакцинирањето.

Бил Гејтс, после примањето на втората вакцина, вели дека не планира да ја симне маската и покрај тоа што се вакцинирал. Тој сака да биде добар пример за луѓето и нема да ја симне се додека значително не падне цифрата на заболени од коронавирусот. За САД се предвидува дека маски ќе носат не само и оваа, туку и 2022 година.