Samsung ја менува перцепцијата со ново телевизиско искуство

Објавено на 02.03.2021 во Новости



Samsung ја менува перцепцијата со ново телевизиско искуство

Samsung во 2021 година ја комплементира вашата страст со вашиот вкус, доставувајќи моќни перформанси што ги подобрува сите искуства. Со луксузните перформанси MICRO LED екранот, до естетската линија на The Frame, Samsung ја редефинира улогата на вашиот домашен телевизор.

Со одлично осветлување, длабока црна боја и одличен квалитет на сликите, MICRO LED технологијата ви овозможува одлично искуство што трае. Со новата LED технологија нема да имате burn-in ефекти и екранот ви останува верен и квалитетен до крај. Вп 2021 година Samsung нуди голема моќ со MICRO LED технологијата со формирачкиот фактор на традиционалното телевизиско искуство. Корисниците сега може да добијат кино искуство во својот дом со екран од раб-до-раб. MICRO LED е достапен во 110инчи големина и 99инчи.