Netflix исплашен од TikTok ја лансираше Fast Laughs

Објавено на 05.03.2021 во Новости



Netflix исплашен од TikTok ја лансираше Fast Laughs

Netflix е уште „прасе“ кое се исплаши од волкот лош. Иако има удобна позиција како еден од најмоќните стриминг сервиси Netflix го гледа TikTok како еден од главните конкуренти кој им го одзема вниманието на корисниците.

Netflix затоа ја воведе опцијата Fast Laughs која на мобилната апликација ќе понуди кратки клипови од настапи на комичари и скечеви од комични серии. Корисниците ќе може брзо да скролаат низ кратките вертикални видеа во форма на стори односно би ги добиле истото искуство како и со TikTok.

Засега клиповите од Fast Laughs се базираат на исечоци од содржини на Netflix, а потоа може да се развие и како социјална мрежа на која и самите корисници би објавувале сопствени кратки комични и занимливи видео клипови.