Apple догодина ќе настапи со iPad Pro со OLED екран

Објавено на 05.03.2021 во Новости



Apple догодина ќе настапи со iPad Pro со OLED екран

Apple е еден од ретките брендови кој и натаму е доста успешен во категоријата на таблети иако овие производи не се толку популарни како пред неколку години бидејќи големината на смартфоните постојано растеше.

За привлекување на нови корисници Apple за следната година планира да настапи со iPad Pro модел кој ќе има OLED екран со најмодерна технологија и големина од 10.9 инчи. Ваквиот таблет би имал многу поефикасна батерија бидејќи OLED пиксели не трошат многу енергија.

Претходно се шпекулираше дека iPad Pro со OLED дисплеј би се појавил во првата половина од оваа година, но засега нема потврда за такви намери на Apple.

 





Прочитајте повеќе: