Samsung Galaxy S21 најпродаван во последните четири години

Објавено на 05.03.2021 во Новости



Samsung Galaxy S21 најпродаван во последните четири години

Samsung го има најдобриот старт на годината според бројот на продадени смартфони, и со најновата серија на премиум модели Samsung Galaxy S21 уште во првиот месец на продажба бележи фантастични резултати.

Овој старт е речиси на исто ниво како и при лансирањето на Samsung Galaxy S8, додека пак најновите статистики покажуваат дека интересот за Samsung Galaxy S21 е двојно поголем во однос на ланскиот модел Galaxy S20.

Главните причини за успех на новата серија Samsung Galaxy S21 се гледаат во тоа што цените овој пат се нешто пониски во однос на ланските модели, а притоа се применети повеќе подобрувања во перформансите, камерата, дизајнот и фантастичниот дисплеј, притоа со подобрување и на долготрајната употреба на батеријата.