Што се крие во новиот моќник Xiaomi Redmi Note 10 Pro
Објавено на 10.03.2021 во Новости
Redmi Note 10 Pro е најдобриот модел на Xiaomi, кој располага со 6,67-инчен AMOLED дисплеј со фреквенција од 120Hz. Задната камера е со 4 сензори, при што главната камера е со 108MP и Samsung ISOCELL HM2 процесор, 8MP ултраширока камера, макро камера од 5MP и 2MP сензор за длабочина. 16MP сензор е предната камера.
Под хауба има 8-јадрен Qualcomm Snapdragon 732G процесор, 6GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија, која може да се зголеми со помош на microSD картичка до 512GB. Почетната цена изнесува 279 долари за 6GB+64GB меморија или 299 долари за моделот од 6GB+128GB, или пак 329 долари за моделот со 8GB+128GB меморија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.