Новите смартфони на Nokia доаѓаат на 8 април

Објавено на 17.03.2021 во Новости



Новите смартфони на Nokia доаѓаат на 8 април

HMD Global официјални објави дека на 8 април ќе одржи голем промотивен настан на кој ќе ги претстави новите смартфони од основната и средната класа.

Овој пат ќе видиме нови Nokia смартфони кои ќе имаат нов начин на именување, односно ќе бидат означени со буква и бројка. 

Се очекува да бидат претставени новите модели Nokia G10, Nokia X10 и Nokia X20, додека пак Nokia 6.4 и Nokia 7.4 најверојатно сега нема да се појават.

Само да потсетиме дека пред повеќе години Nokia под брендирањето со буквата X ги лансираше првите смартфони кои работеа на "формирана" верзија на Android оперативниот систем наместо со тогаш прифатениот Windows од страна на компанијата, но и тој потег не беше доволен за спас на финскиот гигант кој потоа го продаде брендот на Microsoft за по неколку години да биде лиценциран од страна на финската компанија HMD Global која смартфоните на Nokia ги произведува во Кина.

Автор: Aleksandar Stankov