Huawei и Xiaomi го блокираа пребарувачот на Alibaba

Објавено на 19.03.2021 во Новости



Huawei и Xiaomi го блокираа пребарувачот на Alibaba

Пребарувачот на Alibaba бил критикуван на ТВ емисија на кинеската државна телевизија CCTV поради измамнички медицински огласи на мрежата.

Интернет пребарувачот на кинеската компанија за е-трговија, Alibaba, е отстранет од неколку онлајн продавници за апликации во Кина, пренесува Financial Times повикувајќи се на кинеските медиуми. Продавниците за android апликации, вклучувајќи ги и оние со кои што управуваат Huawei и Xiaomi, ги блокирале за преземање или, т.е. го отстраниле "UC Browser" пребарувачот на Alibaba, според зборовите на некои сопственици на мобилни телефони на Huawei и Xiaomi, што разговарале со CNBC.

Сопственици на Samsung и iPhone во Кина велат во продавницата за апликации се уште стои пребарувачот на Alibaba, што значи дека "UC Browser" е уште достапен кај нив. портпаролот на Alibaba изјавил за CNBC дека компанијата „брзо преземала низа мерки за да ги провери и да ги поправи недостатоците и веднаш ги отстранила огласите со нелегитимни содржини".