Два нови Nokia 5G смартфони ќе бидат откриени на 8 април

Објавено на 19.03.2021 во Новости



Два нови Nokia 5G смартфони ќе бидат откриени на 8 април

HMD Global се очекува да претстави неколку смартфони во претстојните недели со 5G технологија. Се очекува два модела на Nokia што се ценовно прифатливи да бидат откриени на 8 април: Nokia X10 и Nokia X20.

Се очекува од HMD да открие и други уреди, како на пример Nokia G10. Фановите на Marvel ќе бидат воодушевени од информацијата што X серијата е позната по Scarlet Witch и QuickSilver, двајцата браќа што неодамна се појавиле во WandaVision.

Nokia X10 и Nokia X20 ќе имаат 5G поддршка со Snapdragon 480 5G процесор. Nokia X20 ќе биде со 6GB RAM и 128GB внатрешна меморија, додека Nokia X10 ќе биде со ист RAM, но 32GB меморија. Nokia X10 и Nokia X20 нема да бидат веројатно толку евтини како што се очекуваше, но X10 ќе биде €300, додека X20 ќе биде над €350.